Полицијата приведе 23-годишен жител на тетовското село Селце, откако бил пријавен дека физички нападнал малолетник во близина на локалното училиште.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен синоќа околу 21:00 часот во Полициската станица Тетово од страна на 42-годишен жител на селото, кој навел дека неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од 23-годишниот С.С.
По пријавата, полициски службеници од СВР Тетово веднаш презеле мерки и околу 21:20 часот го лишиле од слобода осомничениот, кој бил задржан во полициска станица.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против приведеното лице ќе биде поднесен соодветен поднесок.






