ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) АДРЕНАЛИНСКИ СКОК ЗАВРШИ ТРАГИЧНО - инструкторите заборавиле да ја врзат со безбедносното јаже

(ВИДЕО) АДРЕНАЛИНСКИ СКОК ЗАВРШИ ТРАГИЧНО - инструкторите заборавиле да ја врзат со безбедносното јаже

Трагедија ја потресе Бразил откако 21-годишна девојка загина при адреналинска активност со скок од мост, по наводен пропуст на инструкторите кои не ја обезбедиле соодветно безбедносната опрема.

Инцидентот се случил на популарна локација за екстремни спортови во Лимеира, во државата Сао Паоло, каде што младата девојка учествувала во организиран бунџи-тип скок од висина од околу 12 метри.

Според првичните информации, трагедијата се случила во моментот кога девојката била пуштена во скок, а безбедносното јаже не било правилно прицврстено. Во тој момент станало јасно дека опремата не функционира, што довело до фатален пад.

Очевидци во шок извикувале додека се одвивала несреќата, а на видео-снимките се гледа хаотичен момент непосредно пред трагедијата. Присутните веднаш се обиделе да укажат прва помош, но и покрај брзата реакција на итната служба, девојката била прогласена за мртва на лице место.

Бразилската полиција започнала истрага за да утврди кој е одговорен за пропустот и дали се почитувале безбедносните процедури.

Инцидентот предизвика огромен шок на социјалните мрежи и отвори нови прашања за безбедноста во екстремните спортски активности во земјата.

ВИДЕО