ПРВ.мк
Црна Хроника

СЛУЧАЈ ШТО ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА: 12-годишно девојче родило дете, вистината за тоа кој е таткото е шокантна - Ова се деталите

СЛУЧАЈ ШТО ЈА ПОТРЕСЕ ЈАВНОСТА: 12-годишно девојче родило дете, вистината за тоа кој е таткото е шокантна - Ова се деталите

Во Чешка јавноста е потресена од случајот на 12-годишно девојче кое роди дете, а вистината за бременоста се дознала дури кога таа била примена во болница со силни болки. Лекарите откриле дека станува збор за породилни контракции, што ја шокирало и семејството и заедницата.

Истрагата утврдила дека татко на детето е нејзиниот 16-годишен брат, кој ја злоупотребувал во семејната куќа, во заедничката детска соба. Девојчето сведочело дека повеќепати било изложено на насилство, а ДНК анализата ја потврдила врската меѓу новороденчето и братот.

Случајот стигнал до суд во Плзењ, каде младиот осомничен признал дека повеќепати ја допирал сестрата против нејзина волја. Судот го осудил на тригодишна условна казна, задолжителна сексуална терапија и исплата на обештетување во висина од околу 12.500 евра.

Новороденчето било предадено на згрижувачко семејство, а трагедијата оставила длабоки последици врз целата заедница. Градоначалникот на местото изјавил дека семејството било сметано за уредно и дека оваа ситуација е вистинска катастрофа за нив.

Овој случај ја отвори темата за скриеното семејно насилство и потребата од поголема будност на училиштата и институциите за да се заштитат децата од злоупотреба.