ПРВ.мк
Црна Хроника

Драма во Охридското Езеро: Маж се повредил при риболов со харпун

Драма во Охридското Езеро: Маж се повредил при риболов со харпун

31-годишен жител на Струга се здобил со повреди додека ловел риба со харпун во водите на Охридското Езеро, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, случајот бил пријавен на 18 јуни околу 22:25 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, откако било пријавено дека лицето се самоповредило во близина на автокамп на охридското крајбрежје.

По добиената пријава, полициски службеници излегле на терен и го пронашле повредениот, по што со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Струга, каде што бил задржан на лекување.

По наредба на јавен обвинител, харпунот и целокупната риболовна опрема биле одземени за понатамошна постапка. По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.