ПРВ.мк
Црна Хроника

Го извлекле од езеро, но било предоцна: Почина познат фудбалер

Го извлекле од езеро, но било предоцна: Почина познат фудбалер

Романскиот фудбал остана без едно од своите познати имиња. Поранешниот репрезентативец Габриел Мурешан почина на 44-годишна возраст, откако се удавил во езеро во близина на општината Аполд, каде што воедно ја извршувал функцијата градоначалник.

Според романските медиуми, несреќата се случила во средата вечер. Откако бил извлечен од водата, медицинските екипи веднаш започнале со реанимација, но и покрај нивните напори, не успеале да му го спасат животот.

Од локалната самоуправа во Аполд изразија длабоко сочувство, истакнувајќи дека Мурешан бил посветен градоначалник и човек кој оставил значаен белег во заедницата. Во соопштението наведуваат дека неговиот придонес за општината и граѓаните долго ќе остане запаметен.

Во текот на својата кариера, Мурешан настапуваше како дефанзивен играч од средниот ред. Најголемиот дел од кариерата го помина во романското првенство, а една сезона играше и во Русија.

Најголемите успеси ги оствари со ЦФР Клуж, со кој освои три шампионски титули и три национални купови. Беше и романски репрезентативец, за кого одигра девет натпревари, а настапуваше и во Лигата на шампионите.

Неговата ненадејна смрт предизвика бројни реакции и пораки со сочувство од спортската јавност и од луѓето со кои соработувал низ годините.