ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО СТРУГА: Во Охридското Езеро пронајдено тело на 20-годишно момче - МВР со детали

ТРАГЕДИЈА ВО СТРУГА: Во Охридското Езеро пронајдено тело на 20-годишно момче - МВР со детали

Безживотно тело на 20-годишно момче од струшкото село Октиси било пронајдено денеска во водите на Охридското Езеро кај локацијата „Машка плажа“ во Струга.

Случајот бил пријавен во СВР Охрид, по што на местото веднаш интервенирале надлежните служби. Телото било извлечено од водата и пренесено во Општата болница во Струга.

Лекар од болницата констатирал смрт, а според првичните информации, на телото не биле забележани видливи траги на насилство.

По извршената идентификација било утврдено дека станува збор за С.С. (20) од селото Октиси.

Засега не се познати околностите под кои настапила смртта, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите релевантни факти.