ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: 26-годишна девојка трагично го загуби животот, неколку лица завршија во болница - Еве ги деталите

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: 26-годишна девојка трагично го загуби животот, неколку лица завршија во болница - Еве ги деталите

Тешка сообраќајна несреќа утрово го однесе животот на 26-годишна девојка од струшкото село Ливада, откако дошло до судир меѓу две возила на патниот правец Поградец – Ќафасан во Албанија.

Според првичните информации, несреќата се случила околу 11:30 часот кога автомобил управуван од жителка на Корча се судрил со возило со струшки регистарски таблички. Во автомобилот од Македонија се наоѓала и 26-годишната Е.Л., која била сопатничка и која им подлегнала на повредите здобиени во судирот.

Во несреќата се повредени и двајцата возачи, како и уште две лица кои се наоѓале во возилата. Повредените се пренесени во болница каде им е укажана медицинска помош, а според првичните информации нивната здравствена состојба е стабилна и тие не се во животна опасност.

На местото на несреќата бил извршен увид, а надлежните органи работат на утврдување на причините што довеле до трагичниот настан.