ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО СКОПЈЕ: Откриени дрога и точење алкохол на малолетници - еве колку лица се приведени!

ДРАМА ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО СКОПЈЕ: Откриени дрога и точење алкохол на малолетници - еве колку лица се приведени!

Секторот за внатрешни работи Скопје, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, во текот на ноќта спроведе акциска контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на Скопје.

За време на контролата биле легитимирани вкупно 37 лица, додека осум лица биле лишени од слобода. Меѓу приведените се и три малолетни лица.

При извршените проверки биле утврдени повеќе неправилности во угостителските објекти. Во два локали било констатирано дека се работело подолго од дозволеното работно време.

Во еден од објектите, пак, инспекциските и полициските екипи утврдиле дека се точел алкохол на малолетни лица. Во истиот објект биле затекнати и лица за кои постоеле сомненија дека поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Од надлежните институции најавено е дека акциските контроли во угостителските објекти во Скопје ќе продолжат и во наредниот период, со цел откривање и санкционирање на прекршувањата и незаконските активности.

Најнови вести