ПРВ.мк
Црна Хроника

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци кај гимназијата – има тешко повредени

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци кај гимназијата – има тешко повредени

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид – возило марка „Голф“ излетало од коловозот на булеварот „Туристичка“, влегло во пешачка зона кај Гимназијата и удрило во ограда, пренесува Ohrid1.

Неофицијално, во инцидентот потешко се повредени неколку пешаци кои се нашле на местото во моментот на несреќата. Засега не се соопштува нивната здравствена состојба, ниту точните околности под кои дошло до несреќата.

Надлежните служби извршија увид на лице место, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата.

Драматични фотографии од местото на настанот веќе се споделуваат на социјалните мрежи, предизвикувајќи шок и загриженост кај охриѓани.

Сподели го овој напис