Сузана Јовановиќ веќе не е сопственик на луксузните станови во Опатија што ги делеше со покојниот Саша Поповиќ – целиот имот бил продаден на белграѓанец, потврди нивниот кум, пејачот Дејан Ќирковиќ Ќира.
„Не е точно дека Сузана летово ќе оди во Опатија – двата стана се продадени, а сите работи ги донесе во Белград“, изјави Ќира за медиумите. Становите во Опатија важат за едни од најскапите на хрватското приморје, а според Ќира, цените таму се „ненормални“. Продажбата најверојатно била одлука на Саша додека бил жив, додава тој.
Кумот откри и дека јахтата на Саша е исто така ставена на продажба, но засега без купувач. Во становите, познати по своите гламурозни гости како Јелена Карлеуша, Лепа Брена и Душко Тошиќ, ова лето нема да влезе ниту едно познато лице.
„Саша беше домаќин, Сузана сега е сама, со толкав имот што да прави…“ вели искрено Ќира. Додаде дека ќерката Александра не била љубител на летувањето во Опатија, додека нејзиниот брат Даниел уживал таму со сопругата Тијана.