ПРВ.мк
Свет

Експлозија ја погоди резиденцијата на норвешкиот амбасадор во Израел - Ова излезе од контрола!

Експлозија ја погоди резиденцијата на норвешкиот амбасадор во Израел - Ова излезе од контрола!

Силна експлозија вечерва ја потресе резиденцијата на норвешкиот амбасадор во израелскиот град Херцлија. Норвешкото Министерство за надворешни работи потврди дека инцидентот се случил, но среќна околност е што нема повредени меѓу вработените во амбасадата.

„Вечерва бевме во контакт со нашата амбасада во Израел. Ниту еден дипломат или член на персоналот не е повреден“, стои во официјалното соопштение на Министерството, испратено по електронска пошта.

Сè уште не е потврдено што ја предизвикало експлозијата, но хебрејските медиуми јавуваат дека врз резиденцијата била фрлена граната, која предизвикала материјална штета на објектот.

Инцидентот се случува во време на зголемени тензии во регионот, а израелските власти најавија истрага. Засега нема преземена одговорност.

Сподели го овој напис