ПРВ.мк
Свет

САД подготвуваат напад со најмоќната ненуклеарна бомба – целта е иранскиот бункер во Фордоу

САД подготвуваат напад со најмоќната ненуклеарна бомба – целта е иранскиот бункер во Фордоу

САД се подготвуваат да ја употребат најмоќната ненуклеарна бомба на светот – GBU-57A/B, позната како Massive Ordnance Penetrator (MOP), објави американскиот портал „Аксиос“. Тежи 13,6 тона и е дизајнирана за пробивање силно утврдени подземни објекти, како што е нуклеарниот комплекс во Фордоу, закопан длабоко во иранските планини.

MOP е проектирана да се исфрли од американскиот стелт-бомбардер „Б-2 спирит“ и има способност да навлезе стотици метри под земја пред да експлодира. САД ја разгледуваат оваа опција во контекст на зголемената тензија со Иран, особено поради сомнежите за интензивирање на нуклеарната програма на Техеран.

Американскиот аналитичар Роберт Пејп изјави дека нападот врз Фордоу би барал „најмалку две бомби кои ќе ја погодат истата точка“. Според него, иако технички е можно, ваков тип на напад никогаш досега не бил изведен во реални борбени услови.

Сподели го овој напис