Возач под дејство на алкохол излетал од патот Велес–Чашка, по што бил приведен од полицијата.
Настанот се случил на 22 март 2026 година околу 03:00 часот, во близина на крстосницата за селото Војница, во општина Чашка.
Според информациите од СВР Велес, 25-годишен жител на село Согле, управувајќи патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
По преземените мерки и извршените проверки, било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта.
По насоки од јавен обвинител, лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


















