ПРВ.мк
Црна Хроника

Инцидент во Тетово: Го нападнала невенчаниот сопруг и заработи кривична пријава

Инцидент во Тетово: Го нападнала невенчаниот сопруг и заработи кривична пријава

36-годишна жителка на Тетово се соочува со кривична пријава поради сомнение дека физички го нападнала својот невенчан сопруг за време на расправија во автомобил.

Од СВР Тетово информираа дека против Е.Р. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 12 март 2026 година, кога по вербална расправија во патничко возило, пријавената физички го нападнала својот невенчан партнер.

По документирањето на случајот, против неа е поднесена соодветна кривична пријава.