Седумнаесетгодишната Флоринда Зекировски, по потекло од Македонија, се води како исчезната во Германија, а нејзиното семејство и полицијата бараат помош од јавноста за нејзино пронаоѓање.
Според информациите, Флоринда исчезнала на 11 јуни 2026 година околу 08:00 часот во германскиот град Корнвестхајм. Последен пат била видена кога заминала на работа во градинка во која била ангажирана.
Семејството информира дека последниот сигнал од нејзиниот мобилен телефон бил регистриран во градот Тибинген, по што и се губи секоја трага.
Во моментот на исчезнувањето таа носела бела јакна, црни фармерки и сива торба.
Случајот е пријавен во германската полиција, која активно работи на истрагата. Според досегашните информации, постои можност девојката да се наоѓа во регионот на Штутгарт или во некој од околните градови.
Семејството апелира до сите граѓани кои можеби ја виделе или располагаат со каква било информација да се јават на телефонскиот број +49 176 41256860.
Секоја информација може да биде од големо значење за нејзиното безбедно пронаоѓање.








