ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија во Австрија, Мајка ја прегази сопствената ќерка - Ова се деталите

Трагедија во Австрија, Мајка ја прегази сопствената ќерка - Ова се деталите
Kristal

Тешка трагедија го потресе австрискиот град Шердинг, во близина на германската граница, каде што млада мајка случајно ја прегази својата едногодишна ќерка додека го извлекувала автомобилот од гаража. Несреќата се случила во саботата навечер, а детето починало на самото место од тешките повреди.

Според соопштението на полицијата на регионот Горна Австрија, семејството токму што ги завршило подготовките околу менувањето на гумите на автомобилот. По завршената работа, 29-годишната мајка го запалила возилото и почнала да вози наназад, кога почувствувала удар.

Во моментот кога излегла од автомобилот, со ужас открила дека нејзината ќерка се наоѓа под возилото.

Таткото очајно се обидел да ја спаси

Таткото на девојчето веднаш реагирал и со кран се обидел да го подигне автомобилот, но и покрај неговите очајни напори, било предоцна. Детето веќе немало знаци на живот.

На местото на несреќата пристигнале екипи на итната медицинска служба, но сите обиди за реанимација биле безуспешни.

Оваа трагедија го потресе локалното население во Шердинг, а полицијата соопшти дека ќе биде спроведена детална истрага, иако станува збор за очигледна несреќа без елементи на кривично дело.

Жителите од областа изразиле длабоко сочувство со семејството, кое, според австриските медиуми, било „пример за млада и грижлива заедница“.

Escape