Вистински хаос се случил во скопската населба Драчево, каде што 27-годишен скопјанец физички нападнал неколку патници и возач на автобус, по што оштетил автомобил и нападнал полициски службеници.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 3 ноември 2026 година, а осомничениот А.М. (27) бил приведен во 18:20 часот.
Како што информира полицијата, 27-годишникот најпрвин физички нападнал неколку патници во автобусот, како и возачот, на кого се обидел да му го одземе мобилниот телефон.
Потоа излегол од автобусот и оштетил патничко возило.
Но, инцидентот не завршил тука. По пристигнувањето на полициските службеници, мажот физички ги нападнал и нив, по што бил лишен од слобода.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок против приведениот.








