ПРВ.мк
Црна Хроника

Судбина што го расплака светот: Мисица загина прегрната со саканиот

Судбина што го расплака светот: Мисица загина прегрната со саканиот

Трагична вест ја потресе Венецуела, откако младата манекенка и носителка на титулата „Мис Гранд Орландо 2025“, Скарлет Родригез, беше пронајдена мртва заедно со своето момче Хозе Кастро, неколку дена по силниот земјотрес што ја погоди земјата.

Според странските медиуми, двајцата останале затрупани под урнатините на станбената зграда во која живееле во крајбрежниот град Катја Ла Мар. По повеќедневна потрага, спасувачките екипи ги пронашле нивните тела.

Тажната вест ја потврдија членовите на семејството, кои во емотивна порака соопштија дека Скарлет и Хозе биле пронајдени еден до друг. Воедно, им се заблагодарија на сите што учествувале во потрагата и пружиле поддршка во најтешките моменти.

Семејството започнало и хуманитарна кампања за покривање на трошоците поврзани со спасувачката акција и погребот.

Скарлет Родригез имаше 23 години и неодамна се стекна со поголема препознатливост по освојувањето на титулата „Мис Гранд Орландо 2025“. Иако не успеа да ја освои титулата „Мис Гранд Флорида“, продолжи успешно да ја гради својата манекенска кариера.

По потврдата за нејзината смрт, организаторите на натпреварите „Мис Гранд Флорида“ и „Мис Гранд Интернешнл“ изразија сочувство, нагласувајќи дека ќе биде запаметена по својата добрина, достоинство и позитивното влијание што го оставила врз луѓето околу себе.