Млада жена од Скопје пријавила дека синоќа, околу 21 часот, била нападната во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар.
Според нејзината изјава, по претходна вербална расправија, таа била физички нападната од лице со иницијали Ф.Н. Случајот бил пријавен во полиција, по што се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Од СВР Скопје информираат дека работат на утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.
















