Трагедија се случила во северна Шпанија, каде 28-годишен британски планинар го загубил животот по пад од планинскиот врв Торесерредо.
Несреќата се случила завчера попладне, додека планинарот се спуштал од врвот. Според информациите на шпанската Цивилна гарда, тој паднал низ стрмен вертикален процеп на источната страна од планината.
Падот бил од височина од околу 61 метар, а несреќата се случила на приближно 20 метри под самиот врв.
По пријавувањето на несреќата, бил активиран спасувачки тим кој со помош на хеликоптер го лоцирал телото на планинарот. Двајца специјализирани спасувачи потоа се спуштиле до тешко пристапното место каде што се наоѓало телото, за да го извлечат.
При акцијата биле собрани и личните предмети на планинарот, кои се расфрлале по падот.
По завршувањето на спасувачката операција, телото било пренесено во Ла Моргал, регионален спортски и воздухопловен центар во Лањера, во близина на Хихон.
Од британското Министерство за надворешни работи потврдиле дека се во контакт со локалните власти во Шпанија во врска со смртниот случај.
Торесерредо се издигнува на 2.649 метри надморска височина и е највисокиот врв на масивот Пикос де Европа. Планинскиот масив се наоѓа во рамките на поширокиот планински систем Кантабрија и е познат по стрмниот и карпест терен, кој на одредени делови претставува сериозен предизвик и за искусни планинари.









