ПРВ.мк
Црна Хроника

ШОК ВО ИСТРАГАТА: Во моментот на фаталниот судир едрилицата не ја управувал капетанот! - ова се деталите

ШОК ВО ИСТРАГАТА: Во моментот на фаталниот судир едрилицата не ја управувал капетанот! - ова се деталите

Истрагата за тешката поморска несреќа што се случи во близина на Сплит, а во која животот го загубија четворица чешки државјани, открива нови детали кои би можеле да бидат клучни за утврдување на одговорноста.

Според неофицијални информации од хрватските медиуми, во моментот на судирот меѓу катамаранот „Крило Еклипс“ и едрилицата, со едрилицата не управувал нејзиниот капетан, туку еден од патниците кој подоцна бил повреден во несреќата.

Трагедијата се случила во каналот меѓу островите Брач и Шолта, додека двата пловни објекти се движеле во правец кон Хвар. Во несреќата загинаа четири лица, а уште четири беа спасени и пренесени во болница во Сплит.

Истражните органи во наредниот период ќе ги сослушаат сите преживеани патници од едрилицата, како и членовите на екипажот на катамаранот. Дополнително, важен доказ во истрагата би можела да биде снимка направена од француски туристи кои во моментот на несреќата се наоѓале на друга едрилица во близина.

Неофицијално, се истражува и можноста едрилицата непосредно пред судирот да го променила својот курс на движење.

Надлежните веќе наредија токсиколошки анализи за капетанот на едрилицата и за членовите на екипажот на катамаранот, како и обдукција на загинатите лица. Во рамки на истрагата ќе биде извршено и вештачење за утврдување на точните причини за несреќата.

Едрилицата, која по судирот потонала на длабочина поголема од 50 метри, ќе биде извлечена од морското дно за дополнителен технички преглед.