Струга, 8 декември 2025 – Рано утринава, во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга–Ќафасан, во близина на селото Франгово, полициските службеници од Полициската станица Франгово при Регионалниот центар за гранични работи Запад уапсија 46-годишен маж од Поградец, Албанија.
При контролата на патничко возило „Опел Зафира“ со струшки регистарски таблички, кое го управувал осомничениот, полицијата пронашла три торби полни со 62 паковки марихуана. Нелегалната дрога веднаш била одземена.
Од МВР информираат дека:
– Јавен обвинител е известен за случајот, лицето е задржано во Полициската станица Франгово, а по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

















