ПРВ.мк
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Возете предпазливо - магла на овие патни правци!

ВНИМАВАЈТЕ: Возете предпазливо - магла на овие патни правци!
Kristal

Сообраќајот на државните патишта низ земјата вечерва се одвива без поголеми пречки, но коловозите на повеќе делници се влажни, што бара повисока претпазливост од возачите.

Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека намалена видливост поради магла е присутна на планинските превои Ѓавато и Пресека, каде условите за возење се отежнати, особено во ноќните часови.

Дополнително, на патните правци што минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони, кои службите ги чистат континуирано за да се одржи безбедноста на сообраќајот.

Од претпријатието апелираат до сите учесници во сообраќајот на внимателно и прилагодено возење, строго почитување на сообраќајната сигнализација и приспособување на брзината кон моменталните услови на патот.

FixCredit
Atensa 300
Escape