ПРВ.мк
Топ Вести

Еден час одложување, гневна публика: Што се крие зад доцнењето на Георгиев?

Еден час одложување, гневна публика: Што се крие зад доцнењето на Георгиев?
Kristal

Концертот на Владо Георгиев, одржан на 6 декември во Белградската Арена, беше одбележан со еден час задоцнување, разочарана публика и бројни реакции на социјалните мрежи. Настанот, кој требаше да започне во 21 часот, започнал значително подоцна, додека на сцената настапувал неговиот долгогодишен пријател Игор Лазиќ – Нигор.

Многу посетители споделуваа видеа и коментари на Инстаграм, нагласувајќи дека во арената имало празни места и дека чекале повеќе од час без никакво објаснување. Некои дури морале порано да си заминат и не го проследиле целиот концерт.

Здружението на потрошувачи „Ефектива“ се огласи и порача дека посетителите имаат право да побараат делумно враќање на средствата, бидејќи задоцнувањето е одговорност на продавачот на билетите, на кого може да се поднесе официјално барање за намалување на цената.

На социјалните мрежи продолжија критиките, вклучувајќи саркастични и гневни коментари, со потсетување дека слични ситуации се случувале и во минатото. Владо Георгиев веќе има закажано нов концерт на 13 декември, а дел од публиката се прашува дали следниот настан ќе помине без вакви непријатности.

FixCredit
Atensa 300
Escape