ПРВ.мк
Топ Вести

ТОПЛОТНА ДИЛЕМА: Дрва, пелети или струја – што навистина е најевтино?

ТОПЛОТНА ДИЛЕМА: Дрва, пелети или струја – што навистина е најевтино?
Kristal

Додека едни тврдат дека пелетите се „новото дрво“, други и натаму се држат до традиционалниот оган во шпоретот. Практиката покажува дека одговорот не е едноставен – сè зависи од типот на објектот, квалитетот на изолацијата, начинот на користење и пазарните цени, кои се менуваат од сезона во сезона.

Во моментот, според трговците, кубик дрва во Македонија чини 3.500 до 4.000 денари, додека еден тон пелети достигнува и до 400 евра. На прв поглед, дрвата изгледаат поевтино, но енергетската вредност на пелетите е поголема, што значи дека за исто ниво на топлина се потребни помали количини.

Пелетите нудат и поголема удобност – автоматско палење, дигитална контрола, чистота и помалку пепел. Но, овој комфор доаѓа со поголема инвестиција, бидејќи цената на печката за пелети не е мала.

Енергетските експерти посочуваат дека на долг рок, пелетите се поисплатливи, особено ако домаќинството има добра изолација и квалитетна печка.

Според калкулациите, просечно семејство кое троши околу 10.000 kWh топлинска енергија годишно би платило:

  • 60–70 илјади денари за греење на дрва
  • 70–80 илјади денари за греење на пелети

Иако разликата во цената не е драстична, разликата во комфорот е голема – помалку работа со пепел, автоматско одржување на температурата и полесно управување со греењето.

FixCredit
Atensa 300
Escape