Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека на 05.12.2025 година, СВР Штип поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип против Б.Ј. (роден 1989) од Кочани. Пријавата е поднесена поради сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ според член 394-г од Кривичниот законик.
Како што се наведува, пријавениот на 18.11.2025 во 22:48 часот на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил фотографија и текст со кои поттикнувал насилство и промовирал омраза кон Д.Ј. од Кочани.
Според информациите, станува збор за лице повредено во пожарот во клубот „Пулс“, кое било хоспитализирано. Заканата била упатена кон Дејан Јованов, познат како газда Деко.
МВР истакнува дека ваквите дела се сериозни и дека институциите ќе продолжат со постапка за заштита од говор на омраза и закани кон граѓаните.

















