Израелската одбранбена сила (ИДФ) соопшти дека вчера спровела пребарување во Појасот Газа и дека израелските војници продолжуваат со операции насочени кон „елиминирање на терористите што дејствуваат во областа на терористичката инфраструктура“ и отстранување на секоја закана.
Во официјалниот извештај не се наведува на која конкретна организација ѝ припаѓале засегнатите лица, пренесува ДПА.
Во последните пет месеци во Појасот Газа е на сила кревок прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна организација Хамас. Сепак, до сега се забележани чести прекршувања, при што секоја страна ја обвинува другата за непочитување на договореното, потсетува германската агенција.
















