На денешната прес-конференција, владината портпаролка Марија Митева соопшти дека Владата донела одлука за одземање на лиценци на уште шест фирми кои се занимаваат со одгледување на медицински канабис.
Митева нагласи дека одлуката е резултат на законски пропусти откриени при проверките спроведени од надлежната Комисија, која ги контролира сите услови што фирмите треба да ги исполнуваат за легално производство.
Со ова, бројот на компании кои останаа без лиценца се зголеми на 12. Претходно, на 24 февруари, Владата им ги одзеде лиценците на фирмите „Алфафарм“, „Гринлајф“, „ЦБД медплант“, „Лајфплант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“ поради низа неправилности, вклучувајќи административни, инфраструктурни, технолошки и кадровски пропусти.
Одземањето на лиценците се спроведува во рамки на вонредни контроли кои ќе опфатат вкупно 43 правни лица кои легално се занимаваат со одгледување на канабис во земјата.

















