ПРВ.мк
Свет

Пленковиќ алармира: Безбедноста на Европа никогаш не била под ваков притисок - што ја следи на Европа?

Пленковиќ алармира: Безбедноста на Европа никогаш не била под ваков притисок - што ја следи на Европа?
Kristal

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Париз истакна дека Европа се наоѓа на историска пресвртница и дека нејзината безбедност е сериозно загрозена. Тој оцени дека инвестициите во одбраната се клучен приоритет за континентот, особено поради руската агресија врз Украина, зголемените хибридни закани и забрзаното производство на оружје во Русија.

На предавањето во Францускиот институт за меѓународни односи (IFRI), Пленковиќ нагласи дека институционалната, енергетската и демографската стабилност на европските општества повеќе не може да се зема здраво за готово. Тој предупреди дека Европа се соочува со најопасната безбедносна состојба по Студената војна и дека мора да ја прилагоди својата индустрија, залихи и инвестиции за да одговори на противник кој го ставил стопанството во служба на војната.

Премиерот потенцираше дека Хрватска тројно го зголеми својот одбранбен буџет во последните десет години, со цел до 2027 година да издвојува 2,5% од БДП за одбрана, а до 2030 година три проценти. Хрватска е водечка во производство на FPV дронови и тесно соработува со Холандија и Летонија во коалицијата за дронови, при што хрватските компании држат 80% од светскиот пазар на машини за далечинско разминирање.

Пленковиќ ја оцени војната во Украина како одлучувачки тест за европската безбедност и се заложи за праведен и одржлив мир, со почитување на украинскиот суверенитет. Тој истакна дека Хрватска од 2022 година помогнала на Украина со 317 милиони евра и примила 30.000 украински бегалци.

Во однос на американската стратегија за национална безбедност, Пленковиќ предупреди дека сигнализира цивилизациско пропаѓање на Европа и поддршка на крајната десница, што укажува на промена во перцепцијата на Вашингтон за улогата на Европа.

Премиерот истакна дека Европа мора да преземе поголема одговорност за својата безбедност, не против САД, туку за стабилноста на трансатлантскиот простор. Тој го потенцираше и значењето на проширувањето на ЕУ, поддржувајќи ја интеграцијата на земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија, со посебен акцент на важноста на Босна и Херцеговина.

FixCredit
Atensa 300
Escape