ПРВ.мк
Свет

ГЕРМАНИЈА УДРИ ПО БАЛКАНЦИТЕ: Нема повеќе работни дозволи - еве што значи тоа за работниците!

ГЕРМАНИЈА УДРИ ПО БАЛКАНЦИТЕ: Нема повеќе работни дозволи - еве што значи тоа за работниците!
Kristal

Германија официјално ја затвори квотата за вработување работници од Западен Балкан за 2025 година – сите 50.000 работни дозволи се веќе распределени. Ова значи дека до крајот на годината нема да се разгледуваат нови апликации за работници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Србија и Северна Македонија.

Според правилото што Берлин го воведе во јуни 2024 година, постапката на хартија изгледа едноставна: германскиот работодавач најпрво бара претходно одобрение од Федералната агенција за труд, а работникот потоа поднесува барање за виза преку забрзана постапка. Но системот функционира строго – кога годишната квота ќе се исполни, автоматски се блокира секое ново барање, со известување дека „нема слободни места во квотата“.

Зголемувањето на квотата на 50.000 во 2024 година беше поздравено како успех, бидејќи оваа регулатива се покажа како најефикасен пат за легално вработување работници од регионот. Но Федералната агенција за вработување потврди дека уште на почетокот од декември сите дозволи се веќе искористени.

Последиците се значајни. Многу работници од регионот кои се надеваа дека токму годинава ќе заминат – некои дури и со веќе потпишани договори – ќе мора да чекаат нов круг. Од друга страна, германските компании, кои години наназад се соочуваат со драматичен недостиг на работници во угостителството, градежништвото, логистиката и секторот на услуги, предупредуваат дека бројката од 50.000 е далеку под реалните потреби на пазарот.

Дополнителна неизвесност внесуваат и политичките договори во Берлин. Иако квотата неодамна беше зголемена, коалицијата планира повторно да ја намали на 25.000 годишно, што предизвика реакции од здруженијата на работодавачи. Според нив, намалувањето е чекор назад, бидејќи токму преку оваа регулатива во земјата доаѓаат работници кои придонесуваат во системот и го полнат буџетот.

Западнобалканската регулатива и понатаму останува клучен канал за сите шест земји во регионот бидејќи дозволува вработување и за лица без германски признати квалификации, доколку има уредна понуда за работа. За многу граѓани од Северна Македонија ова правило е една од ретките јасни и легални патеки за влез на германскиот пазар на труд.

Но затворената квота носи и една важна последица:оние кои аплицираат деновиве автоматски ќе добијат одбивање, а нивната апликација нема да се префрли за 2026 година. Работодавците ќе мора повторно да поднесуваат нови барања за следната година, а работниците повторно ќе бидат дел од „трката“ за место во квотата – уште една година чекање, уште еден круг на термини, документи и неизвесност.

FixCredit
Atensa 300
Escape