Секторот за внатрешни работи во Охрид објави дека завчера попладне, во просториите на поранешните оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, било откриено машко безживотно тело. Настанот се случил на 06.12.2025 година околу 16:20 часот.
По преземените мерки и извршената идентификација, утврдено е дека станува збор за З.Т. (57) од Охрид, кој на 4 декември во 18:25 часот бил пријавен во СВР Охрид како исчезнат, откако се оддалечил од својот семеен дом.
По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта и сите околности поврзани со случајот.















