ПРВ.мк
Македонија

Плати во плик и готовински плаќања – УЈП открива колку фирми го кршат законот!

Плати во плик и готовински плаќања – УЈП открива колку фирми го кршат законот!
Kristal

Според последните контроли на Управата за јавни приходи (УЈП), од околу 4.000 спроведени проверки, секој четврти објект е откриен со неправилности, главно во делот на неиздавање фискални сметки. Ова, според УЈП, укажува на широка пракса на неевидентиран готовински промет, која се користи и за плаќања помеѓу фирми „на рака“ и исплата на плати во плик – практики кои се спротивни на законот, создаваат сивата економија, нелојална конкуренција и загуби за државниот буџет.

Даночната управа веќе изрекла повеќе од 2.500 глоби, а 113 даночни обврзници добиле забрана за вршење дејност. На дел од казнетите, УЈП испратил персонализирани пораки со повик да ги пријават и исправат своите податоци и да ги платат даноците. За оние кои нема да постапат доброволно, најавени се дополнителни контроли со индиректни методи за откривање прикриен промет и неплатени даноци.

Во пресрет на новогодишните празници, контролите ќе бидат засилени, особено кај ресторани, кафе-барови, дискотеки, сендвичарници и други субјекти кои користат готовински плаќања. До 20 ноември, УЈП спровела 3.500 советодавни посети, информирајќи ги обврзниците за најчестите неправилности со цел да ги корегираат навреме.

За време на посетите, биле забележани состојби како:

  • фискални апарати без налепници од овластен сервисер;
  • оштетени пломби;
  • несоодветна адреса на регистриран фискален апарат;
  • неуплаќање на дневниот промет во банка;
  • и неводење на книга на дневни финансиски извештаи.

Паралелно, УЈП спровела детални анализи користејќи ги податоците од ГПРС-системот, теренските контроли и ДДВ-пријавите. Откриено е дека некои обврзници континуирано евидентираат низок или идентичен дневен промет, имаат несоодветен промет според капацитетот на објектот или постојат разлики помеѓу прометот во фискалната каса и пријавениот промет во ДДВ-пријавите.

FixCredit
Atensa 300
Escape