ПРВ.мк
Црна Хроника

ИТНО предупредување од НАТО: Неидентификуван авион ја тресе алијансата- што се крие зад ова предупредување?

ИТНО предупредување од НАТО: Неидентификуван авион ја тресе алијансата- што се крие зад ова предупредување?
Kristal

Два борбени авиони на Холандија беа подигнати од воената база Волкел откако непознат авион влезе во холандскиот воздушен простор, објави 4NEWS.mk. Министерството за одбрана издаде предупредување за брз одговор, мерка што се активира секогаш кога авион навлегува без идентификација. Таквите операции се редовни и се изведуваат неколку пати годишно.

Портпаролот на министерството истакна дека станува можеби за дрон, но не од оние кои се комерцијално достапни, или пак за патнички авион кој накратко изгубил контакт со контролната кула. Холандските сили ги менуваат овие операции со Белгија за целосно покривање на регионот на Бенелукс.

Поврзано со ситуацијата во Украина

Оваа акција се случи веднаш по еден од најинтензивните ракетни напади на Русија врз Украина, кога беа користени 51 ракета и 653 дрона врз цивилна инфраструктура, предизвикувајќи прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење. Украинската воздушна одбрана успеала да собори 585 беспилотни летала, 29 крстосувачки ракети и една балистичка ракета, а меѓу погодените објекти била и голема термоцентрала во Кривји Рог.

Заради овие напади, Полска, членка на НАТО, превзеде превентивни мерки и го активираше својот воздушен простор. Ловци беа подигнати, а системите за воздушна одбрана и радарско извидување достигнаа висока состојба на готовност. Акцијата имаше цел да обезбеди заштита на воздушниот простор, особено во близина на загрозените региони.

Ова ја нагласува постојаната потреба за брз одговор и координација на НАТО членките за заштита на воздушниот простор на алијансата.

FixCredit
Atensa 300
Escape