ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ СЦЕНИ: Земјотресот во Јапонија донесе и цунами – првите моменти забележани на видео!

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ СЦЕНИ:  Земјотресот во Јапонија донесе и цунами – првите моменти забележани на видео!
Kristal

Североисточниот дел на Јапонија денеска беше погодно од силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтер, кој предизвика штети, повреди и сериозни безбедносни аларми во неколку префектури.

Според првичните информации, три лица се повредени – едно во Аомори по рушење на дел од пат, како и две лица во Хокаидо кои паднале додека се обидувале да избегаат за време на потресот.

Во префектурата Аомори најмалку 2.700 домаќинства останале без електрична енергија, при што избувнале и два пожари како последица на земјотресот.

По првиот силен удар, регионот беше погоден од серија афтершокови, од кои најсилните беа со магнитуда 5,6 и 4,7 степени.

Јапонската метеоролошка служба издаде официјално предупредување за цунами, наведувајќи дека се можни бранови високи до три метри.

Првото цунами е регистрирано во префектурата Ивата, со висина од околу 70 сантиметри, додека во Хокаидо е забележан бран висок приближно половина метар.

Надлежните предупредуваат дека поголемо цунами сè уште може да пристигне, и затоа жителите на североисточното крајбрежје се повикуваат на максимална претпазливост и следење на официјалните упатства.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА 

FixCredit
Atensa 300
Escape