ПРВ.мк
Црна Хроника

Масакр- четири мртви и 12 ранети во крвава ноќ, полицијата го лови убиецот!

Масакр- четири мртви и 12 ранети во крвава ноќ, полицијата го лови убиецот!

Малото американско гратче Лиланд, со само 3.700 жители, беше потресено од невидена трагедија. Четири лица загинаа, а уште 12 се повредени, меѓу кои четворица се во критична состојба, откако непознат напаѓач отворил оган на главната улица околу полноќ.

Инцидентот се случил токму за време на традиционален училишен фудбалски натпревар кој секоја есен го собира локалното население. Градоначалникот Џон Ли за Би-би-си изјави дека ова е најцрниот ден во историјата на Лиланд: „Никогаш немало вакво нешто. Ние сме мал град, сите се познаваме.“

Тешко повредените биле пренесени со хеликоптер во болница, додека полицијата сè уште трага по сторителот. Засега нема уапсени, а се истражува и видот на оружјето што било користено.

Пукањето во Лиланд доаѓа само ден по сличен напад во друг град во Мисисипи – Хајделберг, каде што беа убиени две лица. Сепак, полицијата засега не наоѓа поврзаност меѓу двата инциденти.

Американската јавност повторно е во шок, а прашањето за контрола на оружјето повторно е во центарот на дебатата.

Escape