ПРВ.мк
Црна Хроника

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОСТУВА: Почина познатата новинарка, јавноста во тага

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРОСТУВА: Почина познатата новинарка, јавноста во тага

На 77-годишна возраст почина Цветанка Илиева, долгогодишна новинарка, уредничка и водителка, која целиот свој работен век го помина во Македонската телевизија (МТВ).

Илиева беше дел од голем број успешни телевизиски проекти и емисии, а низ годините остави препознатлив белег со својата професионалност, одговорност и посветеност кон новинарската и телевизиската работа.

До последните денови од животот останала активна, а покрај професионалниот ангажман, била почитувана и како член на Сојузот на здруженија на пензионери.

Колегите, пријателите и оние кои ја познавале ја опишуваат како скромна и тивка личност, посветена на семејството, пријателите и работата.

Посмртните останки на Цветанка Илиева ќе бидат изложени утре од 10 до 11 часот во капелата на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по што ќе биде извршен погребот.