ПРВ.мк
Црна Хроника

СКАНДАЛОЗЕН СЛУЧАЈ: Девојка со месеци била затворена и матретирана - Ова се деталите

СКАНДАЛОЗЕН СЛУЧАЈ: Девојка со месеци била затворена и матретирана - Ова се деталите

Во Ниш судството се соочи со еден од најмонструозните случаи на трговија со луѓе и злоупотреба. Група лица, меѓу кои членови на семејство и нивни блиски, беа осудени на долги затворски казни поради свирепо искористување на млада девојка со психички потешкотии.

Според пресудата, жртвата била доведена во заблуда преку социјални мрежи со ветување дека ќе работи како негувателка на деца. Наместо тоа, била претворена во „роб“ – принудувана на сексуални односи, тепана и понижувана. Некои од осудените ја продавале на други мажи за пари, а дел од нив ја злоупотребувале во сопствени домови и возила.

Судот утврди дека девојката била изложена на постојано насилство и закани. Таа била намамена од Даница Бајрамовиќ, која ја довела во куќата на својот брат Зоран. Таму започнало физичко и сексуално малтретирање, во кое учествувале и неговата сопруга Егзона, како и нивниот пријател Оливер Мустафиќ. Девојката била принудувана да пружа сексуални услуги во хотел и комби, а парите ги земале организаторите.

Еден од најшокантните моменти е сведоштвото дека пред сведоци била понижувана и присилувана на сексуални дејствија во јавно место. Подоцна, групата ја продала на човек од Смедеревска Паланка за илјада евра, но кога таа одбила да стапи во брак со неговиот син, била вратена назад и повторно малтретирана.

Некои од обвинетите добија казни од шест до тринаесет години затвор, додека Даниел Здравковиќ, иако осуден, останува во бегство со распишана меѓународна потерница.

Овој случај ја потресе јавноста и ја отвори темата за ранливоста на младите лица, злоупотребата на довербата и потребата од посилна заштита против трговијата со луѓе.