Тешка сообраќајна несреќа се случила кај Бујановац, Србија, во која животот го загубиле баба и нејзиниот двегодишен внук. Мајката на детето е тешко повредена и, според првичните информации, се наоѓа во критична состојба во Клиничкиот центар во Ниш.
Несреќата се случила денеска околу 18 часот на магистралниот пат, познат како стариот автопат, во правец кон Врање.
Според првичните информации, дошло до директен судир меѓу два автомобили. Во едното возило се наоѓал само возачот, додека во другото патувало семејството.
Во тешката сообраќајка биле повредени и неколку други лица. Сите повредени биле пренесени во здравствени установи, каде што им била укажана медицинска помош.
Информацијата за смртта на бабата и двегодишното дете ја потврдила семејството на настраданите.
Засега нема дополнителни официјални информации за точниот тек на несреќата, ниту за причините поради кои дошло до директниот судир. Надлежните треба да ги утврдат сите околности под кои се случила трагедијата.







