Западниот дел на Грција е зафатен од силно невреме со грмотевици и поројни дождови, поради што локалните власти на островот Закинтос денеска затворија сите училишта и градинки.
Времето почнало да се влошува уште синоќа, а грчките власти испратија предупредување до жителите на регионите Ахаја, Илија и Месинија да бидат особено претпазливи.
На север од Крф, автомобил со британско семејство заглавил во кал, но пожарникарите успеале да го извлечат возилото и патниците да ги пренесат на безбедно. Двојката и нивното дете се во добра состојба.
Метеоролозите најавуваат дека нестабилното време ќе продолжи и во наредните денови со силен дожд, град, ветрови и пад на температурите ширум земјата.
По итен состанок, општините и институциите се ставени во состојба на зголемена готовност, а Грчкиот секретаријат за цивилна заштита апелира граѓаните да преземат мерки за самозаштита.
Видео: