ПРВ.мк
Балкан

Над 800 училишта добија закани за бомби, учениците евакуирани

Над 800 училишта добија закани за бомби, учениците евакуирани

Утрово, Србија беше парализирана од бран заканувачки мејлови кои пристигнаа во над 807 основни и средни училишта, па дури и во градинки. Во пораките пишувало „Бомба ќе експлодира“ и „Во училиштето е поставена бомба“, што предизвика паника кај наставниците, учениците и родителите.

Иако специјалните екипи на МВР веднаш излегле на терен и утврдиле дека станува збор за лажни дојави, училиштата биле евакуирани, а наставата прекината.

Се верува дека пораките доаѓаат од странство, бидејќи иако се напишани на српски, во некои од нив се забележуваат траги од слаб автоматски превод.

Надлежните органи веќе покренаа истрага и меѓународна соработка за да ги откријат сторителите. Овој масовен напад со лажни дојави ја разбуди загриженоста за безбедноста во образовните институции во целата земја.

Escape