ПРВ.мк
Свет

Два дрона на „Амазон“ се судрија во Америка

Два дрона на „Амазон“ се судрија во Америка

Американските власти започнаа истрага откако два дрона MK30 на „Амазон“ се судрија со градежен кран во Толесон, Аризона. Инцидентот предизвика привремено запирање на доставата со дронови во областа, но за среќа никој не беше повреден.

Според FAA, двата дрона претрпеа значителна штета, а истрагата ја водат заеднички Федералната администрација за воздухопловство и Националниот одбор за безбедност во сообраќајот. Ова е втор инцидент годинава поврзан со дроновите на „Амазон“, по претходни несреќи во Тексас и Орегон.

Escape