ПРВ.мк
Свет

Трагични вести за „Доктор Слоун“ – Ѕвездата на Grey’s Anatomy веќе во количка, болеста го парализира!

Трагични вести за „Доктор Слоун“ – Ѕвездата на Grey’s Anatomy веќе во количка, болеста го парализира!

Актерот Ерик Дејн, познат на милионската публика по улогата на харизматичниот „Доктор Слоун“ во хит-серијата Grey’s Anatomy, денес се соочува со една од најтешките битки во неговиот живот. Само пет месеци откако јавно ја откри својата дијагноза – амиотрофична латерална склероза (АЛС), 52-годишниот актер беше фотографиран во инвалидска количка, што е јасен знак дека болеста напредува со застрашувачка брзина.

АЛС е прогресивна и смртоносна болест која ги уништува моторните неврони во ’рбетниот мозок и мозокот, што доведува до постепена парализа на телото. Ерик откри дека веќе ја изгубил целата десна страна, а единствено неговата лева рака сè уште функционира. „Мојата десна страна целосно престана да работи, се плашам дека наскоро ќе ја изгубам и левата“, изјави тој во еден од последните разговори со новинарите.

Пред неколку месеци, актерот уште можеше да оди, но призна дека чувствувал големи тешкотии во нозете. Денес, фотографиите од аеродром го прикажуваат во количка, со очигледни проблеми и во говорот.

Неговите пријатели и семејството се обидуваат да му бидат најголема поддршка во овој тежок период. Извор близок до семејството за Daily Mail изјавил дека Ерик се потпира на верата и позитивната енергија околу себе за да остане силен. „Сака да биде опкружен со љубов и среќа, да живее секој ден како да е последен и да не дозволи луѓето да тагуваат за него додека е жив“, открил изворот.

Ерик е во брак со актерката Ребека Гејхарт, со која има две деца на возраст од 15 и 13 години. Иако парот во минатото најави развод, по дијагнозата ја прекинале постапката и сега се целосно посветени еден на друг и на своите деца.

Болеста е иста таа што му го одзеде животот на познатиот физичар Стивен Хокинг, кој успеа да живее повеќе од 50 години со дијагнозата – нешто што се смета за реткост.

Фановите ширум светот испраќаат пораки на поддршка за омилениот „Доктор Слоун“, надевајќи се дека ќе најде сила да се бори со оваа сурова болест која ја парализира целата личност, но не и неговиот дух.

Состојбата на Ерик Дејн е трагична и срцепарателна, но неговата борба со болеста е пример за храброст и достоинство пред лицето на една од најстрашните дијагнози на современата медицина.

Escape