ПРВ.мк
Балкан

Западен Балкан се спојува со ЕУ: Декларација за слободен роаминг низ цела Европа на повидок!

Западен Балкан се спојува со ЕУ: Декларација за слободен роаминг низ цела Европа на повидок!

Земјите од Западен Балкан подготвуваат историска декларација што има целосен потенцијал да им го олесни животот на милиони граѓани: слободен роаминг со Европската Унија. Ова е еден од клучните моменти на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, кој се одржува денеска во Скопје и ги обединува лидерите на дигиталната трансформација од регионот и ЕУ.

На Самитот се разговара за најгорливите прашања од дигиталната сфера – интероперабилност, сајбер безбедност, вештачка интелигенција, дигитална поврзаност на институциите, како и учеството на бизнис заедницата и академскиот сектор во забрзувањето на технолошкиот развој.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека овој настан претставува критична платформа за меѓурегионално поврзување:

„Се надевам дека ова нема да биде само место за дискусија, туку и за конкретни резултати. Работиме на заедничка декларација која повикува на проширување на иницијативата ‘роаминг како дома’ и кон ЕУ. Целта е граѓаните на Западен Балкан да имаат исти услови кога користат мобилни услуги и во Европа – без дополнителни трошоци за дата, разговори и СМС,“ рече Андоновски.

Од слободен роаминг на Балканот – кон цела Европа

Регионалната иницијатива за бесплатен роаминг веќе е успешна внатре во Западен Балкан, но сега се оди чекор понатаму: комплетно укинување на роамингот со Европската Унија.

Амер Капетановиќ, генерален секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), истакна дека овој чекор претставува фазна интеграција на дигиталниот пазар на регионот со тој на ЕУ:

„По Дигиталниот самит во Скопје, следува Самитот на Берлинскиот процес во Лондон. Таму ќе се усвојат конкретни документи и акциски планови кои ја подготвуваат теренот за целосно поврзување на Западен Балкан со дигиталниот пазар на ЕУ.“

Што значи ова за граѓаните?

  • Без дополнителни трошоци за разговори, пораки и мобилен интернет кога патувате низ ЕУ.
  • Еднакви услови за сите корисници, како во домашна мрежа.
  • Поголема поврзаност и интеграција со ЕУ не само на економски, туку и на технолошки план.

Самитот се одржува во Скопје, каде првиот WBDS беше организиран уште во 2018 година, и денес, седум години подоцна, регионот покажува зрела подготвеност за следниот чекор: дигитална Европа без граници.

Escape