ПРВ.мк
Балкан

Вучиќ поради дроновите за Косово: „Турција не сака мир, туку враќање на империјата“

Вучиќ поради дроновите за Косово: „Турција не сака мир, туку враќање на империјата“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, остро реагираше по објавата дека Турција му испорачала модерни дронови на Косово, оценувајќи го потегот како „директна провокација“ и „обид за дестабилизација на Балканот“.

– Згрозен сум од однесувањето на Турција и грубото кршење на Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244. Испораката на вооружување на Приштина е уште еден доказ дека Анкара сонува за оживување на Отоманската империја, а не за мир на Балканот – изјави Вучиќ.

Според него, Србија иако мала земја, „ја разбра пораката многу добро“. Белград ја толкува испораката како обид за предизборна поддршка на косовскиот премиер Албин Курти, особено што дроновите пристигнале неколку месеци пред предвидениот рок.

Според досега објавените информации, Косово добило повеќе типови беспилотни летала – вклучувајќи ги турските „Skydagger“ и „Bayraktar TB2“, како и американските „Puma“ дронови. Курти, пак, гордо објави фотографии од пристигнатите летала и порача дека „Косово ја зајакнува својата ударна моќ“.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, истакна дека испораката три месеци пред изборите е „јасна порака“ и дека Турција на тој начин отворено го поддржува Курти.

Во Србија, пак, веќе се води дебата за можноста од повторно воведување на задолжителниот воен рок од 2026 година, како дел од стратегијата за јакнење на одбранбените сили.

Escape