ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Пет лица се водат како исчезнати по пожар во фабрика!

(ВИДЕО) СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Пет лица се водат како исчезнати по пожар во фабрика!
Kristal

Пет лица се водат како исчезнати откако во раните утрински часови избувнал силен пожар во фабрика за преработка на храна во близина на градот Трикала, во централниот дел на Грција. Информацијата ја потврдил функционер на грчката противпожарна служба во изјава за агенцијата Ројтерс.

Според официјалните податоци, во моментот кога започнал пожарот, во фабриката се наоѓале вкупно 13 лица. Од нив, осум успеале навреме да ја напуштат зградата и да се спасат, додека за пет лица сè уште нема информации и тие се водат како исчезнати.

Надлежните служби соопштија дека причините за избувнувањето на пожарот засега не се утврдени. Пожарот се проширил брзо, што дополнително ја отежнало интервенцијата и потрагата по исчезнатите лица.

Локалните медиуми пренесуваат дека непосредно пред да се појави пожарот, во фабриката се слушнала силна експлозија, што отвора дополнителни сомнежи за можен технички дефект или друг инцидент кој довел до огнената стихија.

На местото на настанот биле ангажирани околу 40 пожарникари со 13 противпожарни возила, кои со часови се бореле со огнот и работеле на локализирање на пожарот, како и на обезбедување на објектот за понатамошна истрага.

Надлежните институции најавија дека истрагата ќе продолжи, со цел да се утврдат точните околности под кои дошло до пожарот, како и судбината на исчезнатите лица.

ВИДЕО

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo