ПРВ.мк
Балкан

СТРАШЕН ПОЖАР ЈА ЗАВИ ДРЖАВАТА ВО ЦРНО: Близнаци на возраст од 1,5 години загинаа во пожар!

СТРАШЕН ПОЖАР ЈА ЗАВИ ДРЖАВАТА ВО ЦРНО: Близнаци на возраст од 1,5 години загинаа во пожар!
Kristal

Тешка трагедија ја потресе Бугарија, откако две мали деца – близнаци на возраст од околу една и пол година – загинаа во разорен пожар што избувнал во семејна куќа во селото Липница, во регионот Враца.

Информацијата ја потврди градоначалникот на селото, Румен Шопов, кој за бугарските медиуми изјави дека станува збор за исклучително трагичен настан што ја вознемирил целата локална заедница.

Според досегашните податоци, пријавата за пожарот била примена околу 16 часот, по што веднаш на терен биле испратени три противпожарни возила со екипи кои се обиделе да го стават пожарот под контрола и да спасат што е можно повеќе животи.

Во моментот на избувнување на пожарот, во куќата се наоѓале вкупно шест деца. За нив се грижеле бабата и дедото, бидејќи нивните родители во тој период престојувале и работеле во странство. И покрај брзата реакција на службите, за двете најмали деца помош немало.

Досега е пронајдено телото на едното дете, додека второто сè уште се наоѓа под урнатините од изгорената куќа. Противпожарните и спасувачките екипи продолжуваат со расчистување на теренот и со потрага, а истрагата треба да ги утврди точните причини за избувнувањето на пожарот.

Случајот предизвика силни реакции и тага во јавноста, додека надлежните институции најавуваат дополнителни информации по завршувањето на увидот и истражната постапка.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo