ПРВ.мк
Свет

БРУТАЛЕН РУСКИ НАПАД: НАТО земја ги подигна авионите, има загинати!

БРУТАЛЕН РУСКИ НАПАД: НАТО земја ги подигна авионите, има загинати!

Во руски воздушен напад врз населеното место Шостка во Сумска област, загина 59-годишна жена, а тројца се повредени, меѓу кои и 29-годишна жена во тешка состојба. Нападот е изведен со управувани авионски бомби (КAБ) и погодил приватни куќи и еден станбен солитер.

Како реакција, вооружените сили на Полска ги подигнаа своите борбени авиони и ги ставија радарските системи во максимална приправност, истакнувајќи дека мерките се превентивни и насочени кон заштита на воздушниот простор во близина на загрозените региони.

Ситуацијата се уште се следи, а последиците од нападот се во тек на истрага.