ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) Во Македонија синоќа се ловеа дрвокрадци - еве што сѐ е пронајдено и одземено!

(ВИДЕО) Во Македонија синоќа се ловеа дрвокрадци - еве што сѐ е пронајдено и одземено!
Kristal

Минатата ноќ во Струмица се спровела голема акција против нелегалната сеча на дрва, во која учествувале МВР, шумската полиција и екипи на „Национални шуми“. Заменик директорот Кире Михаилов преку Фејсбук објави дека при акцијата биле одземени пет запрежни коли натоварени со огревни дрва и други материјали кои се користеле за пустошење на шумите.

„Во добро координирана акција изведена од МВР Струмица, шумските полицајци и ние, одземавме пет запрежни коли натоварени со огревни дрва и други материјали со кои се вршело пустошење на шумата“, истакна Михаилов.

Тој најави дека денеска ќе бидат поднесени соодветни пријави против сите лица затекнати при нелегалната сеча и превоз на дрва. „Реков, нема застанување! Пред лицето на правдата ќе бидат спроведени сите оние кои работат спротивно на законот“, порача заменик директорот.

Во дополнителна акција, подоцна биле одземени и уште две патнички возила кои превезувале нелегално сечени и нежигосани дрва, што ја покажува континуираната борба на надлежните против криминалот во шумите.

ВИДЕО

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo