ПРВ.мк
Балкан

ПЕКОЛ НА ГРАНИЦА: Се запали автобус со 21 патинк и изгоре до темел!

ПЕКОЛ НА ГРАНИЦА: Се запали автобус со 21 патинк и изгоре до темел!
Kristal

Вистинска драма се одвивала утрово на турската граница, кога автобус полн со патници од Бугарија, кој се движел кон Измир, целосно се запалил и изгорел на платото на граничниот премин Капикуле. Во возилото се наоѓале 21 патник, а благодарение на брзата реакција на возачот и навремената евакуација, несреќата поминала без повредени.

Автобусот пристигнал на влезот во Турција, кога од засега неутврдени причини избувнал пожар. Пламените јазици се појавиле речиси веднаш по запирањето на граничниот премин, а огнот за многу кратко време се проширил низ целото возило.

Возачот успеал навреме да ја забележи опасноста, веднаш го запрел автобусот и им наредил на сите патници да излезат, со што била овозможена брза и безбедна евакуација. Според сведочењата на очевидци, само неколку минути подоцна автобусот бил целосно обвиткан во пламен и се претворил во огнена топка, додека густ црн чад се издигал над граничниот премин.

На местото на настанот експресно интервенирале противпожарните екипи од Едрене (Одрин), кои по интензивна акција успеале да го локализираат и изгаснат пожарот. Иако немало човечки жртви, материјалната штета е огромна, бидејќи автобусот бил целосно уништен од огнот.

Надлежното обвинителство во Едрене отвори истрага за да се утврдат точните причини за избувнувањето на пожарот. Според првичните информации, се испитуваат сите можни сценарија, вклучувајќи технички дефект, проблем со електричната инсталација или дефект на моторот. Конечните заклучоци ќе бидат донесени по завршување на стручните вештачења и анализата на снимките од безбедносните камери на граничниот премин.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo