ПРВ.мк
Скопје

ПОЛИЦИЈАТА „ЧЕШЛАШЕ“ НИЗ СКОПЈЕ: Десетици казни, приведени лица и запленета дрога!

ПОЛИЦИЈАТА „ЧЕШЛАШЕ“ НИЗ СКОПЈЕ: Десетици казни, приведени лица и запленета дрога!
Kristal

Во голема полициска акција спроведена вчера попладне и навечер во општина Аеродром, Скопје, полицијата извршила контрола на десетици возила и лица, при што биле откриени дрога, нож и низа сообраќајни прекршоци.

Акцијата траела од 14 до 22 часот, а во неа биле проверени вкупно 55 моторни возила и легитимирани исто толку лица, со детална контрола на 48 возила. При проверите, приведени се две лица од Скопје на возраст од 21 и 33 години, кај кои била пронајдена и одземена марихуана. Кај друго лице, 26-годишник од главниот град, полицијата открила нож, кој исто така бил одземен.

Дополнително, од сообраќај бил исклучен мотоцикл за кој постои сомнение дека имал фалсификувани делови или документација. Во текот на контролата биле евидентирани вкупно 37 сообраќајни прекршоци, меѓу кои управување без возачка дозвола, возење со истечена регистрација и управување под дејство на алкохол.

Од МВР најавуваат дека ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и спречување на криминалните активности.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo